Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека пет пациенти се испишани од Клиниката за инфективни болести откако двата контролни теста покажале дека се негативни на коронавирус.
Тој додаде дека тие се во добра здравствена состојба и ќе бидат упатени на домашно лекување.
