Поранешната министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска можеме да ја видиме во министерството за Образование. Некогашниот минизтер за здравство, вицепремиер за европски прашања, денес е на челната позиција во ресорот за надворешни работи. И сегашниот министер за финансии Фтамир Бесими, своевремено беше министер за еконимија и одбрана, а во 2013 година стана и Вицепремиер за евроинтеграции.
Сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска, беше и вицепремиер за европски прашања. Рената Дескоска, беше министерка во министерството за образование па премина во правда, Садула Дураку ја имаше челната функција во земјоделие и животна средина.
Ротирање на министерските функции имало и во минатото и сега. Искуствата покажуваат дека одредени министри и по неколкупати ротирале од едно во друго министерство, без притоа да покажат некои големи резултати во интерес на граѓаните.
„Јас пробав лично. Значи кога ќе ги допреш тие се осеќа, се комплетно. Тоа е како видео игра. А, видите јас сум нестручен, ама пробав да видам како ќе се чувствувам. Со мене беше и еден врвен хирург и тој вика идентично“, истакна Никола Тодоров.
Дали ваквата практика е поради недостигот од нови кадри или пак станува збор за задржување на луѓето од доверба на партиските лидери на клучни позиции, за да може полесно да се контролира работењето на Владата. Политичките аналитичари за ТВ21 велат дека е многу важно оние кои се поставуваат за министри да поседуваат и имаат менаџерски капацитети.
„Проблемот не е во личностите кои преминуваат од една во друга функција, туку во погрешната кадровска политика на самите партии кои не успеваат да да креираат нивни кадри за специфични функции. Тоа е отсуство на визија и отсуство на систем внатре во тие партии. Мора таа личност да биде личност од доверба и да ги поседува сите менаџерски капацитети за да води една институција. Таквите кадри во нашите партии кои ги испонуваат сите овие предуслови се малку на број, затоа и се случува иста личност да ротира во повеќе функции“, посочи Џелал Незири.
Колку ротацијата на министри е добра за успешно функционирање на Владата, ако се има предвид дека некој што до вчера водел ресор здравство, сега може да биде успешен во управувањето со дипломатијата.
„Се зависи од личноста и од професионалниот беграунт кој го има. Не е гаранција титулата за стручноста. Ја имаме Мила Царовска која беше поставена во Министерството за труд и социјална политика, сега е во Образование. Не се тие толку различни позиции, но не се ни исти. Тоа е министерство за образование и наука и нема никакви допирни точки со труд и социјална политика. Сепак треба да видиме и тој ризик секако дека го превзема мнозинството. Ако се успешни, тогаш ќе имаат политички придобивки, но ако не се успешни ќе имаат негативни реакции на следните избори и грашаните ќе ги казнат“, посочи Алберт Муслиу.
Политичките експерти додаваат дека причината за ваквиот феномен е немањето доволен кадар, но овде спаѓа и лојалноста, не само кон лидерот, туку и кон боите на партијата.
