Исти плати, високи цени! Вака може да се опише економската состојбата во последните три месеци во нашата земја. Граѓаните што ги анкетиравме велат дека крајот на 2021 и почетокот на 2022 година го минуваат тешко, а причина за тоа, како што велат е зголемувањето на цените на прехранбените производи и поскапувањето на струјата.
„Пазарот е ист, цените се исти, маслото и брашното, но тука на пазар производите не се покачени“, .
Дел од граѓаните велат дека животот бил подобар и посреќен пред неколку години кога можеле да излезат на крај со прехранбените продукти и електричната енергија. Но, сега стравуваат дека ќе дојдат уште потешки времиња.
„Да, до 40-50 денари повеќе. Тука на пазарот е катастрофа. Минатата недела 60 денари, а неделава 120. Беше подобро, и животот беше подобар“, додава граѓани.
Цената на електричната енергија од 1 јануари порасна за 9,48%. Освен тоа, укината е и евтината дневна тарифа, односно останува само преку ноќ и во недела.
