Истрагата во Швајцарија ќе бдее над правдата за Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, која однесе млади животи на новогодишната ноќ, ја потсети македонската јавност на кобниот пожар во дивоградбата во Кочани. Иако власта се обидува да ги изедначи несреќите, швајцарскиот пристап кон правдата веќе покажува суштински разлики во однос на македонската истрага која тапка во место девет месеци, пишува Слободен печат.

Брза реакција во Швајцарија наспроти македонскиот „жежок костен“

Додека во Македонија ниту еден осомничен за 63-те жртви во Кочани не е осуден, Обвинителството во кантонот Вале веднаш ги насочи стрелките кон сопствениците на барот „Ле консталасион“, Жак и Џесика Морети. Тие се осомничени за:

  • Убиство од небрежност.
  • Телесна повреда од небрежност.
  • Предизвикување пожар од небрежност.

Швајцарската обвинителка Беатрис Пилу потврди дека истрагата е насочена кон потесен круг на одговорност за да се обезбеди ефикасност. За разлика од ова, македонските органи го проширија кругот на функционери од пред 12 години, што според правните експерти ја комплицира доказната постапка.

Митровски: Обвинението за Кочани е неодржливо

Адвокатот Јанаки Митровски во анализа за „Слободен печат“ посочува дека македонското обвинителство свесно оди со потешки квалификации за да го избегне гневот на јавноста, иако знае дека делата за функционерите се застарени.

Според Митровски, многу поиздржано би било да се одело со делото „убиство од небрежност“, но тука се појавува проблемот со застареноста од десет години.

Обвинителите му оставаат „жежок костен“ на судот да суди по неодржливо обвинение под притисок на јавноста.

Дополнителен проблем е гонењето на преголем број лица за соизвршителство, додека во Швајцарија фокусот е исклучиво на оние кои директно управувале со објектот.

Идентична причина – различна одговорност

Двата пожари настанаа на речиси идентичен начин: употреба на пиротехника во затворен простор полн со лесно запаливи материјали. Во швајцарскиот бар, реновирањето вклучувало стеснување на скалите и акустичен сунѓер на плафонот, што придонело за катастрофата. Иако фактите се слични, начинот на кој Швајцарија ја демне правдата може да биде горчлива лекција за македонските семејства кои сè уште чекаат одговорност.

Извор: Слободен печат