Истражување: Кучињата знаат кога ги лажете

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Истражувачи од Универзитетот во Виена, неодамна спровеле истражување со 260 кучиња и ги проучувале нивните способности да препознаат дали луѓето им ја зборуваат вистината, или не.

Магазинот „People” пишува дека дошле до заклучок како кучињата разбираат дали сопствениците нешто лажат. Во студијата која е објавена во збирката “Proceedings of the Royal Society B”, се наведува дека кучињата се многу попаметни од тоа што се мисли.

„Мисливме дека кучињата ќе се однесуваат како деца помлади од пет години, но сега сфаќаме дека може да разберат кога ги лажеме. Можно е да мислат дека намерно ги лажеме“, рече ко-авторот на студиите Лудвиг Хубер.

Во истражувањето користеле храна и ги наведувале кучињата на местоа на кои се наоѓа храната. Најпрво тргнале со тоа да личноста која ја познава кучето да му каже: „Види ова е добро, ова е многу добро“, а потоа кога кучињата би отишле до чинијата, би биле наградени.

Потоа лицата кои кучињата не ги познавале, сугерирале каде се наоѓа храната, но намерно покажаувале на погрешна. Некои кучиња биле послушни и бирале чинија без јадење, но многумина игнорирале она што познатата личност им го кажува.

Истражувачите заклучиле дека на крајот две третини од кучињата ги игнорирале луѓето кои им покажувале погрешна чинија, па од тука заклучиле дека кучињата знаат кога некој ги лаже.