Италија доаѓа во Скопје, ќе го повтори ли Македонија резултатот од Палермо?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италијанската фудбалска репрезентација доаѓа во Скопје. На 9 септември, на стадионот во главниот град, Македонија се соочува со Италијанците, кои ги победија во 2022 година во Палермо.
По повлекувањето на Стефан Ристовски од репрезентацијата, сега капитенската лента ќе ја носи Енис Барди.

На списокот на фудбалери што денеска го објави Милевски има две нови имиња, Ахмет Иљазовски и Димитар Митровски, додека поради повреди отпаѓаат Радески, Чурлинов и Етеми.

Запрашан за шпекулациите дека тој повеќе нема да биде селектор на Македонија по овој циклус квалификации, Милевски кратко одговори.

Во Италија, тренерот Роберо Манчини неодамна поднесе оставка и на негово место дојде Лучиано Спалети.

Но, што ќе може Македонија да направи против Италија, по дебаклот против Англија во Манчестер кога беа поразени со 7-0.

Македонија во квалификациите за ЕП 2024 одигра 3 натпревари. На последните два меча пораз д Англија и Украина, а победа против Малта.
По средбата со Италија, црвеножолтите 3 дена подоцна на гостински терен се соочува со Малта.