Италија е европски првак откако на пенали ја совлада селекцијата на Англија со 3:2. Во драматична завршница, среде „Вембли“ во Лондон, Италијанците успеаја да дојдат до вториот трофеј на ЕП во историјата.
Губеа со 1:0, израмнија на 1:1, потоа имаа шанси за целосен пресврт, меѓутоа мечот мораше да се решава по продолженија, па потоа и преку пенали во кои Итлијанците беа поуспешни.
Шо ги „шокираше“ Италијанците уште во 2. минута откако беше оставен сам, и со волеј го совлада Донарума. Италија доминираше долго, а патот до мрежата, конечно, го најде во 67. минута кога Бонучи погоди за израмнување.
Во продолженијата шансата ја имаше Берарди, но не го совлада Пикфорд. Инаку Англија во текот на сите 120 минути имаше само еден шут кон голот на Италија, од кој постигна гол.
Во пенал серијата Англичаните промашија три пенали и тоа Рашфорд, Санчо, додека сигурни беа Кејн и Мегвајер. Кај Италија погодија Берарди, Бернардески и Бонучи, додека не реализираа Белоти и Жоржињо.
