Украина пружи „херојски“ отпор на руската инвазија, изјави италијанскиот премиер Марио Драги по говорот на украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Ароганцијата на руската влада се судри со достоинството на украинскиот народ, кој успеа да ги ограничи експанзионистичките цели на Москва и да наметне огромна цена на окупаторската армија“, рече тој во парламентот.
Зеленски во среда треба да се обрати пред француското национално собрание, по говорот пред американскиот Конгрес минатата недела, како и пред германскиот Бундестаг, британскиот, канадскиот и израелскиот парламент, како и пред Европскиот парламент.
