Иван Иванов, односно момчето кое од седум дена во кома успеа да стане фитнес шампион беше гостин во денешното издание на емисијата „Урбан таг“ на ТВ21.
27-годишниот Иванов вели дека поради брзо возење со мотор направил сообраќајна несреќа, во која почувствувал како неговото тело се крши.
„Се почувствував легнат на асфалтот, почувствував се што е на мене здробено – не можете да сфатите кој е моментот на зажалување за се што сте правеле“, изјави Иванов.
Тој посочи дека седум дена бил во кома во која докторите се надевале дека ќе преживее, а додаде дека и за една година имал дури 10 операции.
Во продолжение на емисијата слушнете ја неговата животна приказна:
