Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Центар од „Независни заедно“, во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за хигиената во Општината, и кажа дека во еден наврат реагирала кај нејзиното живеалиште да се измие улицата.
„Срамота е да се каже дека во 21 век ние се жалиме на нехигиена. Општна Центар има капацитет да излезе во пресрет, ама не само . Јас живеам во Дебар Маало, и улицата на која живеам е еднаш измиена и тоа на мое барање, за да не се срамам поради семеен настан. Се јавив во јавното претпријатие во ПОЦ, но не треба да е така. Ако има една цистерна, една нека биде. Барем секоја улица еднаш месечно да биде миена, подобро и тоа отколку никогаш. Згора на тоа се расфрла општината со пари. Игралиште направено пред две години, и сега на негово место никнува ново. Зошто такво расфрлање на пари?“, рече Ивановска.