Директорот на Јавното претпријатие „Железници Инфраструктура“, Синиша Ивановски, во своето гостување на ТВ21 изјави дека еден од најголемите проблеми со кои се соочува железничката инфраструктура во Македонија се честите кражби на терен.
„Имаме страшни проблеми на терен со чести кражби, кражби кои што за да продадат железо за стотина евра прават десетици илјади евра штета. Се намалува безбедноста во сообраќајот. Јас лично ќе инсистирам, целиот Коридор 10, новата пруга од двете страни има голема непристапна ограда како да ги намалиме овие немили настани. Кражбите се случуваат на дневна база“, предупреди Ивановски.
Тој најави дека ќе побара новата железничка пруга Скопје – Гевгелија да биде заштитена со, како што рече, „огромна и непристапна ограда“ која ќе ја опкружува трасата и ќе ги спречи ваквите инциденти.
