Враќањето на Сашо Мијалков донесе радост.
„Па, искрено се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков реши сам да се пријави.“, вели Русковска.
Но за други и здравствени проблеми.
„Мојата температура најверојатно беше 40 степени откако го снема, а не на Сашо Мијалков. Затоа велам прикаски за мали деца, затоа што ова е сериозно. Зборуваме за прочистување на правосудство, за 5-6 пакет мерки, а овде ќе ни се случи втор бегалец и тоа од оние најкрупните кои што беа симболот на режимот.“, рече Заев.
Обвинителката Русковска која рече дека прва пријавила дека Мијалков сака да бега, синоќа со различен став.
„Не мислам затоа што ако мислеше да избега ќе избегаше веќе.“, рече Русковска.
Но, каде е одговорноста, обвинителството и полицијата си ја префрлаат топката.
„Индициите и информациите без разлика од кого доаѓаат тие треба да се споделат со службите и мислам дека е многу поефикасно тоа што таа индиција или информација е стигната до обвинителство отколку да стигне до МВР или до АНБ итн.“, изјави Спасовски.
„А дали требаше јас стојам и да седам кај него пред врата? Не, бидејќи вие мене ме посочувате мене мене ми избегал.“, рече Русковска.
Се ова ќе треба да го утврди Јавното обвинителство, кое веќе започна истрага во врска со постапувањето на службите во однос на Сашо Мијалков.
