Изби пожар во ковид болница во Русија – две лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа денеска во пожар во ковид болницата во Астрахан, на југот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.

Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега, а автоматскиот противпожарен систем не се вклучил.

Според првичните информации се запалил апаратот за довод на кислород.

Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.