Изби пожар во зграда во Лондон (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десет противпожарни возила и 70 пожарникари го гаснат пожарот во станбена зграда во југоисточен Лондон.

Службите за итни случаи примиле речиси 50 повици за пожарот во Розентал Роуд, Катфорд, пренесува Sky News.

Во соопштението, лондонската противпожарна бригада соопшти дека десет противпожарни возила и околу 70 пожарникари се справуваат со пожарот во станбениот блок на Розентал Роуд, Кетфорд, и дека два стана на деветтиот и десеттиот кат од зградата во моментов се во пламен. Засега не се знае дали има повредени или жртви, како и причината за пожарот.