Десничарската опозициска партија Демократ, која се залага за постепен пристап кон независноста од Данска, постигна значителна предност по пребројувањето на мнозинството гласови на парламентарните избори што се одржаа вчера на Гренланд.
Според резултатите добиени по пребројување на повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња, Демократит освои 30,4 отсто од гласовите, што е значителен скок од 9,1 отсто од гласовите што партијата ги доби во 2021 година.
Оваа партија, која првенствено се залага за развој на бизнисот, е пред опозициската партија Налерак, која се залага за брза независност, која освои 23,7 отсто од гласовите, пренесува Ројтерс.
