ИЗБОРИ ВО САД: Работите за Трамп не стојат воопшто добро, Бајден пред победа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џо Бајден се наоѓа пред победа на претседателските избори во САД откако се бројат гласовите во последните четири држави.

Се чини клучот ќе биде Џорџија, каде што водеше Трамп, а сега води Бајден со нешто под 1.000 гласови.

Доколку победи во Џорџија, за Трамп да се спаси и да остане на тронот, треба да триумфира и во Пенсилванија, и во Аризона и во Невада. Трамп има благо водство во Пенсилванија, но губи во Аризона и Невада, што значи дека за актуелниот претседател работите не стојат добро.

Се очекува веќе денеска да се знае кој ќе оствари најголем број на гласови, но тоа нема да биде крај, бидејќи Трамп најави тужби поради, како што рече, „грабеж“ од страна на тимот на Бајден.

Прогласувањето на конечниот победник би можело да потрае. Во секој случај, ова се едни од најнеизвесните избори во историјата на САД.