Избрана новата српска влада – Ѓуро Мацут избран за премиер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мачут за нов премиер. Гласањето беше јавно – по прозивка. За избор на нова влада гласаа 153 пратеници, а против предлогот 46. Отсуствуваа 51 пратеник.

Економската политика на Србија нема да се промени. Така барем најави мандатот за состав на новата Влада, доктор Ѓуро Мацут, образложувајќи ја својата програма пред пратениците во Собранието. Политиката на одржување на макроекономската стабилност што ја имавме досега продолжува, вели тој.

На собраниската седница не присуствуваа пратениците од коалицијата НАДА и Демократската партија.