Во едно обично неделно попладне, пред две недели во американскиот град Њу Хемпшир во еден ресторан влегол маж, изел два сендвича (хот-дог), и на работничките им оставил бакшиш од дури 16 илјади долари.
Освен двата сендвича, нарачал чипс, кока кола, пиво и чашка текила. Сето тоа чинело 37 долари, а потоа дал бакшиш од 16 илјади долари.
„Немојте сега одеднаш да го потрошите“, им рекол на вработените мажот.
Келнерката го видела износот, додека муштеријата не и дал знак да погледне во сметката. Кога видела толку бакшиш, останала шокирана. Девојките потоа му се заблагодариле на муштеријата.
