Со 61 глас За главно од гласовите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ и 22 против, пратениците ја изгласаа интерпелацијата на Илире Даути поднесена од Левица за оценување на нејзината работа како претседателката на Комисијата за социјални политика откако таа одлучи да не го стави на дневен законот за бранители. Блерим Беџети од ДУИ им се обрати на пратениците на ВРЕДИ и им рече дека изгласувањето недоверба е по нивна заслуга.
„Излегов процедурално само да ти честитам тебе, колегите и сите во ВЛЕН за разрешувањето на Илире Даути намерувајќи да го блокира законот за бранители кој не е еднаков со инвалидите од ОНА“, вели Блерим Беџети.
Даути во своето обраќање рече дека оваа интерпелација има за цел да покаже демонстрирање на сила и диктат кон работата на пратениците кои различно размислуваат.
„Нема да прифатам еден дел од популацијата да не се третира на еднаков начин иако се тие еднакви учесници и во државата и во буџетските приходи. Најдовте токму нашето барање за да ги третираме и војниците на ОНА еднакво како и безбедносните сили, ова ви беше причина за да покренете интерпелација? Какви лудости“, вели Илире Даути.
Интерпелацијата на вицепремиерот Изет Меџити ја образложи Блерим Беџети кој рече дека тој заедно со другиот вицепремиер Иван Стоиљковиќ на Денот на албанското знаме придонеле да се влошат меѓуетничките односи.
„За двајца заменици премиери за господинот Меџити и Стоиљковиќ кој што ќе биде посебна точка од дневен ред бидејќи ги сметаме за одговорни бидејќи не влијаеле воопшто за да не се случи таа ситуација но сметаме дека таа ситуација од 28 ноември“, вели Блерим Беџети.
Меџити со контраобвинувања кон ДУИ.
„Крајно време е да се реформирате бидејќи ДУИ денес се врати во синоним на црната листа и во таа црна листа заедно со Артан Груби се Милорад Додиќ на српската република и Александар Вулин, корумпираниот министер за одбрана на Србија и Никола Груевски и Сашо Мијалков вашите пријатели“, вели Изет Меџити.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски на почетокот на седницата рече дека тие нема да поддржат ниту една интерпелација бидејќи имаат за цел нови етнички поделби,. По ова пратеничката група ја напушти седницата. Интерпелации, дебатата и нивното гласање треба да завршат до вечерва до 24 часот.
