Изгореа две куќи – пожар во тетовско Вејце

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Опожарени две куќи и три штали на две семејства од тетовското село Вејце. Жртви нема, а на семејствата веднаш во пресрет им излегле соселаните, кои успеале да ги совладаат пламените јазици додека да пристигнат пожарникарите. Сопствениците велат дека имаат голема материјална штета. Причините за пожарот сега за сега непознати.

„Шталата изгоре, куќата внатре заедно со мебелот изгоре. За среќа луѓето се добро. Со помош на селаните, на кои од срце им се заблагодарувам, успеавме да го спречиме проширувањето на пожарот“, истакна сопственикот.

„Имам многу штета. Тука имав 2 крави, 7-8 кози, 20 кокошки, неколку фрижидери и летна кујна. Сѐ изгоре“, додаде сопственикот.

Противпожарната бригада на местото на настанот пристигнала со две возила и 7 пожарникари кои целосно го изгасиле огнот.

„Од силниот ветер, опожарени се четири други објекти. Пристигнавме на местото на настанот со две противпожарни возила и 7 пожарникари и го дадовме својот максимум за што поскоро да го совладаме пожарот, бидејќи имаше опасност пламените јазици да зафатат и други објекти“, вели Ука Алити.

На местото на настанот веднаш излегле и екипи на СВР-Тетово и Обвинителството, кои во текот на следните денови ќе информираат за резултатите од истрагата и за причината поради која избувнал пожарот.