Изгорената фабрика во Тетово: Еден пожарникар повреден, пет други задушени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера во пожар беше зафатена фабрика за сирење во Камјан Тетово. Пожарот направил голема штета, но повреден е и еден пожарникар, а петмина се задушиле. Командирот на противпожарната единица рече дека пожарот е сè уште активен, бидејќи материјалот што се наоѓа таму не се гаси со вода.

-Тетовската бригада излезе на местото на настанот, но потоа ја повикавме и скопската бригада да ни помогне, а и приватни фирми со пумпи. Имаме полесно повреден пожарникар , а и пет пожарникари затруени од чадот, кои потоа беа испратени во Ургентен во Тетово. Она што го гледате зад нас, внатре во фабриката има запалливи материи при што е потребно повеќе време да се изгасне пожарот. Затоа сопственикот донел багер за да ги отстрани лимовите за да се изгасне пожарот со багер бидејќи внатре во фабриката има запалливи материи кои не се гасат со вода, вели Авни Амети, шеф на ППЕ Тетово.

Во Полог за кратко време се опожарени неколку објекти. Како фабриките треба да бидат опремени, одговор побаравме од Дирекцијата за заштита и спасување.

Правните лица се должни да поседуваат соодветни апарати, инсталации, алати и опрема за заштита од пожари, кои исто така се должни да се сервисираат и тестираат и одржуваат во редовна состојба. Наведените категории правни лица се должни да ги имаат изготвено соодветните документи дефинирани согласно законот, со кои се проценува ризичноста и се планира начинот на справување со настанатите непогоди.

Во вчерашниот пожар на помош дојдоа и пожарникари од Скопје и Гостивар, а голема помош пружија и приватни компании. Сопственикот во текот на денешниот ден не даде изјава за пожарот, колкава е материјалната штета, а не дозволи телевизиските екипи одблиску да ја снимат опожарената фабрика.