Садовите за готвење со нелеплива обвивка долго време се поврзуваат со опасни хемикалии, но новата студија покажа колку микрочестички пластика всушност можат да избегаат од една пукнатина во тефлонска тава. Површинска гребнатина на тефлонската обвивка може да ослободи повеќе од 9.000 микро и нано честички и потенцијално да ја контаминира храната со штетни хемикалии, според студијата на истражувачите од Глобалниот центар за санација на животната средина.
Повеќето нелепливи садови за готвење содржат траги од per и полифлуороакрилни супстанции, попознати како PFAS. Изложеноста на одредени PFAS супстанции е поврзана со поголем ризик од заболување на црниот дроб, хронично заболување на бубрезите, висок крвен притисок и некои видови на рак.
До 2013 година, садовите за готвење обложени со тефлон се правеа од перфлуорооктаноична киселина, а потоа една студија покажа поголема инциденца на рак на бубрезите и тестисите кај луѓето изложени на него. Затоа денес тефлонот се произведува од PFAS супстанции од понова генерација.
Сепак, наодите од новото истражување покажуваат дека дури и мала пукнатина во тавата може да биде опасна бидејќи илјадници штетни честички можат да завршат во храната преку неа. Садот за готвење обложен со керамика е сè попопуларна алтернатива на тефлон без PFAS.
