„Изгубен“ Германец – го барал три недели паркираниот автомобил

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Возач од мало место на северозападот на Германија, заминал во голем град и не успеал да го пронајде цели три недели.

Германецот кој бил стар 62 години, го паркирал на почетокот на февруари во катна гаража во Оснабрик, град од 165 илјади жители и заминал на состанок.

„Веќе не знал колку пати бевме во Оснабрик да го бараме автомобилот“, кажала неговата ќерка.

Таа објаснува дека немала картичка за паркирање со името на гаражата, затоа што рампата била отворена, затоа што системот не работел.

Три недели таткото и ќерката го барале автомобилот по гаражите во Оснабрик, каде ги има 15. На крајот се обратиле на медиумите па потоа еден жител им јавил дека го пронашол возилото.