Изгубил на изборите иако бил единствен кандидат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Необична ситуација се случила во малата општина Лесина, град со шест илјади жители во Италија.

Имено, иако тој бил единствениот кандидат за функцијата градоначалник, членот на партијата во Лига, Примиано Ди Мауро успеал да ги загуби изборите.

Според законот за избори, за да бидат валидни резултатите од локалните избори, требало да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во таа мала општина само 49 проценти од населението излегле на гласање.

Така, победата што се чинела сигурна, бидејќи Примиано немал конкуренција, се претвори во уникатен пораз, бидејќи немал противник.

Локалните медиуми пишуваат дека победија оние што ги бојкотираа изборите, односно оние кои не го искористија своето демократско право на глас.

Бидејќи не е избрана локалната власт, градот Лесина ќе го води комесарот.