„Излезете и проверете какви се цените“ – Бектеши вели дека има намалување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако постојано се најавуваше намалување на цените на прехранбените производи, сега министерот за економија, Крешник Бектеши вели граѓаните да не очекуваат големо намалување на прехранбените производи бидејќи намалувањето од 7-12% не е кој знае колкаво намалување.

Појасни дека намалувањето на цените веќе започнало и дека компаниите почнале да ги формираат цените кои се очекува да бидат пониски.

Иако не сакаше да ги учи новинарите математика, тој продолжи сепак да го објаснува намалувањето во проценти.

Бектеши рече дека за да се почувствува поевтинувањето на основните производи, најпрво треба да се потрошат залихите кои ги направиле компаниите претходно.

Бектеши истакна дека по овој период се очекува да започне со работа и Државниот пазарен инспекторат бидејќи законот за заштита на потрошувачите сега е во сила.