Изработка на садови од керамика и од глина, дали му се враќа вредноста на овој, одамна, исчезнат занает?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во село Вранештица, Кичево има неколку жители кои се занимаваат со изработка на керамички садови. Меѓу нив е и Слободан Столески кој овој занает го работи веќе 40 години, уште од 7 годишна возраст.

Ова е глината земена од земјиштето во село Вранештица од кое се произведуваат керамички садови кои порано се користеле за готвење и послужување храна.

Откако го изработи садот рачно, со цел да не останат нечистотии и меурчиња, Слободан ќе почне да му дава форма.

По рачната изработка го става садот на машина која се движи со помош на нозете. Тој вели дека со овој занает се занимава од 7 годишна возраст.

Тој вели дека оваа работа бара трпение и мир бидејќи во спротивно не можеш да ја постигнеш посакуваната форма. Слободан раскажува дека занаетот го наследил од најстарите во неговото семејство. Иако има случаи кога ги продава своите производи, сепак не може да се каже дека може да се преживее од овој занает, вели тој.

Како што изгледа на овој занает повторно му се враќа вредноста бидејќи луѓето сфатија дека готвењето во керамички сад и дава подобар вкус и квалитет на зготвената храна.

Ова е местото каде на крајот на постапката за изработка, садовите или вазните од глина се печат и се подготвени за употреба.