Израел ги онеспособи аеродромите во Дамаск и Алепо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израел утринава изврши ракетни напади врз меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо и ги онеспособи, јавија државните медиуми.

Државната сириска новинска агенција (САНА) објави дека ракетните напади во неделата рано наутро биле симултани и дека пистите биле оштетени.

Сириското Министерство за транспорт соопшти дека сите дојдовни летови за Дамаск и Алепо се пренасочени кон меѓународниот аеродром во Латакија.

Сириската опсерваторија за човекови права ги потврди нападите и рече дека тоа е трет пат во 10 дена Израел да го погоди аеродромот во Алепо.

Израелската војска не ги коментираше извештаите, но Израел го обвини Иран дека фрла оружје на милитантните групи активни во Сирија.

Иран е главниот поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад од почетокот на бунтот против неговото владеење во 2011 година.

Израел редовно бомбардира цели во соседната Сирија разорена од војна, во обид да го спречи големиот ривал Иран да го прошири своето влијание таму.