Израел објави дека ја прекинува струјата во Појасот Газа, една недела откако го прекина снабдувањето на територијата за повеќе од два милиони луѓе.
Целосните ефекти од овој потег не се јасни, но постројките за бигор за вода за пирење би можеле да бидат изложени на ризик, пренесува АП. Изараел се обидува да изврши притисок врз Хамас да прифати продолжување на првата фаза на прекин ан огнот, кој заврши минатиот викенд.
Израел бара Хамас да ослободи половина од преостанатите заложници, во замена за ветување дека ќе преговара за траен прекин на оганот. Хамас врши притисок за почеток на преговори за втора фаза од прекинот на оганот.
Милитантната група во неделата соопшти дека ја завршила последната рунда разговори за прекин на огнот со египетските посредници без да ја промени својата позиција, повикувајќи на итен почеток на втората фаза од прекинот на огнот.
