Израел ја запре целата хуманитарна помош да влезе во Газа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израел ја запре целата хуманитарна помош да влезе во Газа откако истече првата фаза од договорот за прекин на огнот.

Првата фаза од прекинот на огнот во Газа, според кој во јануари беа ослободени десетици израелски заложници и стотици палестински затвореници, истече вчера, сабота.

Хамас инсистира да премине во втората фаза, обвинувајќи го Израел за „трајна манипулација“ со предложеното продолжување на исламскиот свет месец Рамазан и еврејскиот празник Пасха. Тоа продолжување беше предложено од пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

„Со завршувањето на фазата А од договорот за заложници и во светло на одбивањето на Хамас да ја прифати рамката на Виткоф за продолжување на преговорите – на кои се согласи Израел – премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи дека од утринава ќе биде стопиран целиот влез на стоки и залихи во Појасот Газа. Израел нема да дозволи прекин на огнот без ослободување на нашите заложници. Ако Хамас продолжи да одбива, ќе има дополнителни последици“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.