Израел: Поради немири уапсени уште 82 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Израелската полиција соопшти денеска дека уште 82 лица се уапсени поради еврејско-арапското насилство, а некои од нив имаат само 13 години.

Северниот округ на израелските полициски сили нагласи во соопштението дека со новите 82 апсења во текот на ноќта, вкупниот број на приведените лица од почетокот на еврејско-арапските немири достигна 232, а меѓу нив има и деца на возраст меѓу 13 и 14 години.

Полицијата наведе дека осомничените се уапсени под сомнеж дека се вмешани во повеќе кривични дела, кои вклучуваат предизвикување немири, пожари и каменување, а од 232 приведени, судовите им го продолжиле притворот на 116 лица.