Израелското воено воздухопловство и морнарицара денеска соопштија дека нападнале подморница на Хамас во близина на брегот на Појасот Газа.
Израелските безбедносни сили објавија видео од „уништување на пловни објекти без екипаж во северниот дел на Појасот Газа“.
– Користејќи летала за набљудување забележавме неколку сомнителни пловни објекти за кои се верува дека се подводни оружја на Хамас. Се претпоставува дека тие се испратени кон брегот под претпоставка да извршат терористички напади во израелските води. Пред извесно време, воен брод и воздухопловството извршија напади врз позициите од каде се управуваше со пловните објкекти без екипаж, за да ја елиминираме заканата, се наведува во соопштението на ирзраелската армија.
Израелското воено воздухопловство утрово изврши воздушни напади врз повеќе локации во градот Газа.
Најновиот напад е извден само неколку часа откако премиерот Бенјамин Нетанјаху најави нова, четврта војна со Хамас.
Претходно на социјалните мрежи се појави видео од ракетирањето на Појасот Газа при што се тврди дека Израел истрелал фосфорна бомба.
На видеото објавено на Твитер се гладаат два чада од местото на нападот, црн и бел, за што се тврди дека е фрлена фосфорна бомба, што е забранета со Женевската конвенција од 1980 година.
Автентичноста на снимката и тврдењето за фосфорна бомба се уште не е потврдена.
