Изречени 659 санкции за неносење маска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 659 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.