Извештај на УНХЦР: Коронавирусот сериозна закана за образованието на децата бегалци, половина од нив не одат во училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во извештајот објавен денес, насловен како „Доаѓаме заедно за едукација за бегалци“, УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, предвидува дека доколку не се преземат итни и смели активности од меѓународната заедница за да се надминат катастрофалните ефекти на КОВИД-19 врз образованието на бегалците, тие ќе бидат дополнително загрозени. Податоците се однесуваат на бруто бројките за запишување во училишта во 2019 година.

Додека децата во секоја земја се бореа со влијанието на КОВИД-19 врз нивното образование, извештајот покажува дека децата бегалци биле особено обесправени. Пред пандемијата, едно дете бегалец имало двојно поголеми шанси да не биде во училиште, отколку дете што не е бегалец. Ова дополнително ќе се влоши – многумина можеби немаат можности да ги продолжат своите настави поради затворање на училишта, тешкотии во давањето униформи или книги, недостаток на пристап до технологии или затоа што од нив се бара да работат, за да можат да ги издржуваат своите семејства.

„Половина од децата бегалци во светот веќе не посетуваат училиште“, рече Филипо Гранди, висок комесар на ООН за бегалци.

„После сè што издржаа, не можеме да им ја одземеме иднината со тоа што ќе им го забраниме образованието денес. И покрај огромните предизвици поставени од пандемијата, со поголема меѓународна поддршка на бегалците и нивните заедници домаќини, можеме да прошириме иновативни начини за заштита на критичните придобивки во образованието за бегалците во изминатите години “, дополни Гранди.