ТППЕ Старо Нагоричане објави информација дека утрово учествувале во акција за извлекување на две лица кои биле заглавени во близина на бањата во с. Строновац.
ТППЕ Старо Нагоричане интервенирало со возило и двајца пожарникари. Воедно, од таму испратија апел до граѓаните да избегнуваат движења и секакви активности по реката Пчиња во општината, и доколку здогледаат лице кое е во опасност, да се обратат на телефонскиот број 112.
