Иако според новиот закон за извршители предметите застаруваат за 5 години, а каматата не може да го надмине главниот долг, граѓаните сепак се соочуваат со последици според стариот закон.
Маријан Ристевски, активист за измени во работата на извршителите, вели дека до Судот поднеле голем број претставки со кои се повикуваат на новиот закон, но тие се одбиени.
Тоа е затоа што законот кој е во сила од јули годинава и има ретроактивно дејство е оспорен во Уставниот суд од страна на извршителите и некои други групи кои имаат интерес од истиот. Според него, законот намерно се одолговлекува.
Но од она што претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска го кажа оваа недела во Клик Плус на ТВ21, овој предмет е доста обемен затоа за истиот се уште нема одлука.
И додека нема конечна одлука од Уставен суд, извршителите и натаму ќе се повикуваат на стариот закон, и поради тоа Ристевски најави масивни протести и според него граѓаните изгубиле надеж дека некој во оваа држава ќе работи во нивна полза.