Извршителите со бојкот на измените на законот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Извршителите ги бојкотираат измените на Законот за извршување кој се „крчка“ во Министерството за правда. Ја напуштиле работната група откако Правда им забранило да се чепка во делот за наплатата од граѓаните. Извршителите предлагале еден вид пријателско подмирување на  долгови, особено за режиски сметки, за да се скратат трошоците при извршување каде за долг од 50 денари од сметките на граѓаните се наплаќале и по 15.000 денари. Ова во емисијата „Бизнис 21“ го изјави претседателката на Комората на извршители Весна Деловска. Бараат повлекување на овие измени кои според нив не се суштински, како и изработка на целосно нов закон.

Весна Деловска: На вториот состанок кога ги пративме предлогот на првите измена, нашите предлози на првите 50 членови, тогаш бевме непријатно изненадени кога ни рекоа дека во тој дел законот не смее да се чепка. И за да објаснам

-Кој ви рече дека законот не смее да се чепка во тој дел?

-Во работната група

-Значи има претседател  на таа работна група,  која е. Значи кој?

– По насоки од министерството

Значи министерството за правда кажа дека не може да се  чепка каде што е наплатата..

-Во останатите и дека законот ќе се менува само во три дела

Деловска вели чашата се прелила бидејќи  прстот секогаш е вперен  во извршителите, а кога ќе ги префрлат парите од извршувањето, кај нив останувало најмалку. Кажа и пример каде за пет сметки за Куќен совет, од 37 или 50 денари, за секоја имало адвокатски и нотарски трошоци и стигнала над 500 евра. Според  неа  мора да има суштински закон, со кој ќе се намалат трошоците за граѓаните.

Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации, рече дека не е биле вклучени во изработката на измените кои според  него се само шминка.

„И ќе бидеш блокиран. И оддеднашка сметката што ја зборам од 500 денари, кога ќе стигне кај граѓанинот 16.000, 15.000. Дури ми стигна еднашка за Градски паркинг, од Куманово е човекот, стално го зборувам, вика збори ме а ко треба и со име и презиме, 17.800. Во која нормална држава вакво нешто има и сега некој повторно да предлага. Пазете знаете што е најтрагично, извршители, адвокати, нотари,  министерство, дури и министерот сите се правници. Еве дури и да не не повикале нас, толку немаат свест да речат чекај луѓе што правиме ние овдека“, вели Марјан РИстески.

Извештајот пак на извршителите за 2025 година покажува дека за 20 години наплатиле над 2,2 милијарди евра од граѓаните, компаниите и државата. Само лани биле наплатени над 137 милиони евра, од кои над 50 од граѓаните и над 63 милиони евра од компаниите. И она што загрижува најмногу е податокот дека во моментов има 2,5 милиони активни предмети за извршување. Најмногу кај лица кои веќе имаат извршител, а другите извршувања чекаат на ред.