Четиригодишниот Маљ Хајрулај од Тетово за време на карантинот најде совршен начин како да го минува времето. Заедно со неговиот брат му Кораб кој има 8 години создаваат и постираат видеа на јутјуб каналот. Маљ е вешто и интелигентно дете, а тоа го покажува и со успехот во училиште. Сега кога училиштата не работат, тој своите способности ги докажува на друг начин. Пред камера успеа да ја состави Рубиковата коцка за 1 минута и 50 секунди.
Поради училиштето ја оставив, а сега поради карантинот и вирусот повторно ја земав да ја учам, сега за сега за 1 минута и 50 секунди можам но се надевам дека до крај на карантинот ќе успеам да ја составам за една минута.
Неговиот брат Кораб многу добро зборува англиски јазик. Вели дека научил гледајќи видеа на јутјуб.
Јас на јутјуб гледам некои видеа кои се многу добри. Јас не знам на албански дали им адобри видеа, но јас не можам да најдам. Јас снимам видеа, правам блогови и некои интересни работи и до сега имам 11 видеа и драго ми е што луѓето ги гледаат моите видеа.
Додека е дома, Кораб снима интересни видеа и ги поставува на неговиот јутјуб канал. Тој објавува игри и разни други работи од секојдневието. Двајцата браќа се ученици во ОУ “Наим Фрашери“ во Тетово, а омилен предмет им е математика.
