Ексминистерот за транспорт и врски во владата на Никола Груевски на денешното рочиште за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборните нерегуларности по признавањето на вина изјави дека тоа го направил бидејќи чувствувал морална одговорност.
Тој додава дека бил жртва на прислушкување и, како што вели признавањето е со цел да придонесе за подобрување на состојбата во општеството.
Јанакиески замоли за најниска можна казна.
– Девет години постојано работев нешто да направам за оваа држава, а веќе седум години издржувам казна. Од 2015 јас секој ден сум на суд. Ова го направив бидејќи чувствував пред сѐ морална одговорност и затоа се извинив на сите оние непријатни моменти во бомбите и покрај тоа што и таму сум бил жртва бидејќи заедно со мојата сопруга сум прислушкуван, но сметам дека треба да го направам овој чекор за да на некој начин придонесам за подобрување на состојбата во општеството, рече Јанакиески, дополнувајќи дека секој ден поголема казна ќе биде помалку време за нивните деца.
