Јанчев: Попис треба да има, но летен период тоа тешко ќе се изведе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кажа дека попис мора да биде нарпавен, и дека најидеално е пред летото, бидејќи после летно време тешко се изведува, а есента доаѓаат избори.

Јанчев ова го кажа во дебатата на ТВ21 на „Клик Плус“ на која учествува заедно со градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

„Дека попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години да немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис секторот, имате попис секоја година или месец, и замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации.

Сега сме засегнати со ковид ситуацијата, мојата лично мислење дека ќе трае малку подолго. И вакцините да пристигнат, пикот тешко ќе се намалува. Ако чекаме да помине пандемијата, па ќе дојдат изборите, па ќе дојдат други избори, и никогаш нема да направиме попис.

Покрај населението ќе попишеме и многу други делови во општините кои не сме ги занеле до сега: од семејства, од образование, од енергетика од многу работи кои се предуслови за развој на една држава.

Треба да се направи попис, да има протоколи донесени од Министерството за здравство, ништо не е страшно ако ги почитуваме протоколите, мислам дека треба да го одржиме пописот. Ако не го направиме пред почетокот на летото, тогаш летен период тешко ќе се изведе“, рече Јанчев.