Јанчев со предлог: Советниците да имаат политички мандат, а не како сега, ги имаме за ништо!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 излезе со предлог советниците во општините да имаат политички мандат.

„Нашите совети кои што ги имаме во општините, доволно многу ја чинат општината и така. Јас би предложил на сите советници, еве во Кавадарци имаме 18 + 1 претседател, да бидат со 4-годишен мандат, политички мандат кои што би ги искористиле во делот на општината“, посочува Јанчев.

Тој додава дека тие ги имаат советниците малтене, за ништо.

„Ние сега советниците ги имаме малтене за ништо, буквално еднаш месечно одржуваме совет, тоа доаѓа како партиска машинерија да гласаат или да опструираат што за мене е неприфатливо, а од друга страна имаме квалитетни луѓе и добри кои би можеле да ги искористиме многу од нивна страна во делот на унапредување на самата општина, без разлика на политичка партија“, истакнува Јанчев.