Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во дебатното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 за тоа дали треба специјален претставник, посочи дека во спорот со Бугарија би ги вклучил сите поранешни премиери и претседатели.
„Јас би ги вклучил сите екс премиери и претседатели кои имаат можност да учествуваат во вакви клучни прашања и определби за државата, затоа што сепак тие биле премиери, претседатели на држава, имаат многу информации, имаат искуство каде воделе држава. Имаат информации кои ние не ги знаеме до ден денеска. Мислам дека воопшто не е грешка да се вклучат сите кои имаат можност“, вели Јанчев.
Тој смета дека министерот за надворешна работа, само како министер и фактор, од денешна гледна точка многу тешко може да донесе одлука.
