Јанева барала да присуствува на граѓанската парница на Камчев против неа – нејзиниот адвокат се понудил да го плати спроводот од затвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Основниот граѓански суд во Скопје денеска се одржуваше граѓанска парница покрената од бизнисменот Јордан Камчев, пишува СДК.мк.

Јанева, Јовановски, Кичеец, Владата, СЈО и Републичкото јавно обвинителство, се тужени од страна на Камчев, кој бара да му се вратат милион и пол евра.

Засега е нејасно зошто во граѓанската постапка се и Специјалното јавно обвинителство, кое повеќе не постои.

Инаку, на парницата не беа спроведени Катица Јанева и Бојан Јовановски од затворот Идризово, а исто така и Камчев не се појави.

Од СДК.мк јавуваат дека адвокатот и син на Јанева, Лазар Јанев на почетокот на расправата побарал од судијата да одобри спровод на Јанева од затворот Идризово затоа што таа сакала да присуствува, а истиот се понудил и да го плати.

Граѓанската парница е одложена за 14-ти февруари.