Денеска во Судот за случајот „Рекет“ сведочи екс специјалната обвинителка Катица Јанева.
Таа се осврна на сефовите во СЈО каде што ги чувале бомбите предадени од тогашната опозиција. Јанева рече дека сефовите се така безбедносно направени, да и ако горат во лава еден час, не можат да бидат уништени. И се надева дека бомбите и натаму се чуваат во тие сефови.
