„Ако немаме образование, комплетно ќе пропаднеме, се ќе се стори пепел“.
Ова го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.
Таа кажа дека мора да се сопре падот во образованието, кој е во голема мера „виновник“ за ситуацијата во државата.
„Ќе мораме да го спречиме падот во образованието, и тоа не е само моја должност, туку на целото општество. Кога велам целото општество, не мислам само на институциите. Нашата држава е во ваква ситуација затоа што образованието е во пад. Имаме криминал, корупција, незнаење, луѓе без вештини кои работат на одредени позиции, сето тоа е поради немање образование, а сега и приватниот сектор се жали дека не може да најде луѓе на соодветни позиции“, рече Јаневска.
