Весна Јаневска, министерката за образование и наука вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 уште еднаш повтори дека македонските ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од врсниците во ЕУ земјите. Таа најави проект со кој учениците ќе се задржуваат повеќе во училиштата.
„До 15 години нашите ученици имаат 900 часа помалку од врсниците во ЕУ, и ова едносменското работење овозможува да ги задржиме во училиштето и тие преку формални предмети, но и преку воннаставни активности, преку било каков ангажман кој професорите ќе им го понудат во училиштата да стекнуваат знаење и вештини, заедно со своите врсници и наставници кои треба да ги насочат кон тоа што го научат. Една од алатките е таа. Дали ќе го чистат дворот, дали ќе учат фотографија, ќе прават пица, или ќе дискустираат за животот… сето тоа е стекнување на знаење и тоа ќе треба да го прават во училиште, не надвор.“, изјави Јаневска.
Целиот став на Јаневска погледнете го низ следното видео:
