Јаневска: Во моментов работиме по пријави за фалсификат дипломи, изречени се казни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека во моментов се работи по пријави за фалсификат дипломи, и дека законот засега дозволува само казни, но и дека наскоро ќе стапи во сила новиот Закон за високо образование, со што ќе има други процедури за овие фалсификат дипломи.

„Цел овој период ние работиме за да утврдиме одредени факти кои се случувале во минатото, но има индиции дека се случуваат и сега, иако во помал процент. Жал ми е што можам да кажам дека нашите постоечки Закони за високо образование, имаат одредени пропусти кои не дозволуваат целосно да ја заокружиме оваа проблематика, инаку ќе можеме. Презедовме чекори, со она кое се справуваме во моментов е заедно со Државниот просветен инспекторат, кој навистина надвор од планот спроведува многу истражувања, и во моментов работиме по пријави. Сите пријави кои нѝ се доставени се процедурирани. Законот не е дециден што треба да се постапи откако ќе се завршат процедурите. Голем дел од процедурите сме ги решиле со казна за субјектот кој го направил прекршокот. Ќе мора тука да се вмеша и Агенцијата за квалитет на високото образование“, изјави Јаневска.