Јапонска компанија „Фуџи филм“ објави дека започна нова фаза од трето испитување на лекот „авиган“ за примена кај болни од Ковид-19.
„Новото испитување е насочено кон пациенти кои се во рана фаза на Ковид-19, и кои имаат фактори за напредување до сериозни симптоми“, објави „Фуџи филм“.
Одобрувањето на овој лек за Ковид-19 во Јапонија е одложено поради тоа што во декември министерството за здравство објави дека податоците од клиничките испитувања не се конечни.
