Селекторот на ЈАПОНИЈА Хаџиме Моријасу им се поклони на навивачите по денешниот натпревар за да им се заблагодари за поддршката.
Јапонците на овој Мундијал сензационално го освоија првото место во групата, откако ги совладаа и Шпанија и Германија со 2:1, а Хаџиме Моријасу пред мечот со Хрватска истакна дека имаат „огромен мотив за победа на овој меч“.
На крајот Хрватска се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар со подобро изведување на пенали од Јапонија. По 120 минути беше 1:1, а во пенал серијата херој беше Доминик Ливаковиќ, кој трипати ги запре ударите на Јапонците. Голот за Хрватска во регуларниот дел од натпреварот го постигна Иван Перишиќ, а за Јапонецот Дајзен Маеда.
