Претседателот на Собранието, Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ги коментираше обвинувањата на Апасиев дека Џафери за 1.400 амандмани на Апасиев рекол дека е деструктивен.
Коментираше дека пред неколку години самиот Џафери истото го правеше со амандмани за законот за бранители, Џафери додаде:
„Јас сум авторот на филибастеринг“ во Македонија, но јас не го блокирав Собранието туку само законот“, рече Џафери вечерва во „Click Plus“ на ТВ21.
Исто така Џафери го коментираше и Апасиев дека со него имаат коректна соработка и дека тој е легитимен претставник на народот во Собранието. Додава дека би прифатил да биде Че Гевара, ако Апасиев прифати да биде Фидел Кастро.
