Јацењук: Го советувам Зеленски да не преговара со Путин без САД и ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот премиер на Украина Арсениј Јацењук го советуваше претседателот Володимир Зеленски да не преговара сам со рускиот лидер Владимир Путин.

„Не го критикувам господинот Зеленски, но би го советувал сам да не преговара со Путин. Тој може да разговара со Путин само придружуван од нашите најдобри сојузници – САД и ЕУ. Доколку Володимир Зеленски започне самостојни преговори со Владимир Путин, тој ќе го изеде за појадок“, рече политичарот во програмата на каналот Отворена Украина на Јутјуб.

Тој ги нарече бесмислици разговорите за безбедносните гаранции со Москва.

Според него, Кремљ треба да биде подложен на најстроги санкции, а Украина да биде снабдена со офанзивно оружје.